Централен регистар е највисоко рангирана институција во државата

Централен регистар официјално е највисоко рангирана институција во државата, соопштија од ЦР.
Согласно евалуација на институциите спроведена од страна на Министерството за јавна администрација (МЈА), највисоко рангирана институција во државата е Централен регистар.
Методологијата за оценка на индекс на квалитет на институциите ги опфати предизвиците поврзани со интеграциите во Европската Унија опфатени преку „Принципите на јавната администрација“ на СИГМА и извештаите од Европската Комисија за напредок на Република Северна Македонија.
Методологијата за оценка на индекс на квалитет на институциите има за цел да обезбеди подобрен квалитет во работењето на администрацијата и поквалитетни услуги за граѓаните и бизнис секторот и тоа во 5 области: стратешко планирање; управување со човечки ресурси;
обезбедување услуги; транспарентност; и управување со квалитет
Во однос на достапноста на услугите, усвоени се и Стандардите WCAG за веб пристапност на веб страните на институциите, а процесот на оценка на квалитетот на работата на институциите овозможи да се идентификуваат институциите кои добро работат и кои испорачуваат квалитетни услуги.
Одржувањето на највисокото ниво на испорачување услуги е сериозна, комплексна, а пред се зрела одлука на една институција, која за Централен регистар претставува обврска кон корисниците на услугите и сите граѓани кои имаат потреба од оваа институција, се вели во соопштението со Централен регистар.