Цените на чварките во Хрватска уриваат рекорди


Цените на чварките во месарниците во Загреб повторно руши рекорди. Сепак, иако цените на овие месни деликатеси се зголемуваат секоја година, продавачите тврдат дека побарувачката не се намалува.

Веќе стана вообичаена практика сезонски да се следат цените на одредени прехранбени производи, а во последните неколку години, чварките се во центарот на вниманието.

Производ кој порано се фрлал како вишок за време на производството, денес по вредност влегува во редот на луксузни деликатеси. Излозите на продавниците во Загреб откриваат цени помеѓу 25 и 32 евра за пресувани  чварки, а десет евра помалку, помеѓу 14 и 20 евра, за непресувани.

И покрај зголемените цени, жителите на Загреб не се обесхрабрени. Редовите пред месарниците постојано се подолги, а купувачите трескаво покажуваат со прст кон чварките во излогот, пишува СЕЕбиз.