Цената на нафтата најниска во последните дваесетина години

Цената на нафтата на берзата во Њујорк падна на речиси 11 долари за барел, што е најниска цена од 1998 година. Со тоа продолжи падот од скоро 40 отсто поради намалувањето на производството, но и пандемијата на коронавирусот.
Причина е недостигот на капацитети за складиштење на големите нафтени резерви кои настанаа по падот на побарувачката.