Цената на гасот отиде „во облаци“, скокна на над 3.200 долари за илјада кубни метри
Цената на гасот во Европа денеска се искачи на над 3.200 долари за 1.000 кубни метри, првпат од 8 март годинава, покажуваат податоците на лондонската берза ICE, пренесе Танјуг.
Гасот за испорака во септември (идни договори) се тргува во холандскиот центар ТТФ по цена од 3.215 долари за 1.000 кубни метри, односно за 310.505 евра за мегават-час (MWh) по тековниот курс евро/долар, пренесува Агенцијата Тас.
Од отворањето на денешното тргување, цената скокна за повеќе од 7 отсто од нивото од 3.113 долари за 1.000 кубни метри, на кое беше затворено во средата навечер.