Цената на бакарот паѓа четврта недела по ред
Цената на бакарот продолжи да паѓа четврта недела по ред, откако податоците од Кина покажаа дека економијата, која инаку е најголемиот пазар на бакар, покажува постојани знаци на слабост.
Цените паднаа за цели 1,6 отсто до 9.587 долари за тон на лондонската берза за метали, што беше четврти последователен неделен пад, објави Блумберг.
Втората по големина економија во светот денеска објави бројки кои ги поттикнаа стравувањата од недостаток на побарувачка.
Додека продажбата на мало беше посилна во мај, растот на индустриското производство и инвестициите во основни средства забави, а падот на инвестициите во недвижности се зголеми.
Владата воведе различни мерки за поттикнување на растот и стабилизирање на секторот за недвижности, но новите податоци ги обновија барањата за поконкретни активности.
Бакарот достигна рекордно високо ниво над 11.000 долари само минатиот месец, но брзо падна поради стравувањата од порастот на глобалните залихи и знаците на слабост во кинеската економија.
Цените на металите генерално беа под притисок минатата недела, откако Федералните резерви на САД ги намалија очекувањата за зголемување на каматните стапки, јави Танјуг.