Целосно реконструирана улицата „21“ во Радишани


Целосно е реконструирана улицата „21“ во Радишани, во должина од 450 метри.

Локалната самоуправа обезбеди дополнителни паркинг-места и го исполни барањето на
жителите на улица „21“, во населеното место Расадник. Покрај тоа, наскоро ќе започне реконструкција на улиците „Бутелска 2”, „Ангел Мојсковски”, „Александар Грличков” и „Љубинка Басотова”.

Локалната самоуправа реализира проекти за подобрување на патната инфраструктура во сите населени места во општината и обезбедува пристојни услови за живот на сите граѓани. Општина Бутел продолжува да се гради и развива во модерно и подобро место за живеење.