Цел Холивуд на Кроазета (фото)


Софија Лорен

Кан– Низ годините, Канскиот филмскиот фестивал, кој важи за најгламурозен од сите фестивали, како европски центар на филмот, беше доживување и достигнување за секој холивудски актер. Така низ Кроазета прошетаа најславните ѕвезди кои ја обележаа филмската индустрија и останаа недостижни со својата слава и гламур. 

Ворен Бити и колешката од  the Grass (а потоа и девојката) Натали Вуд на скалите на Palais du Festival, 1962 година
Целата во дијаманти и некрунисата кралица на Холивуд Лиз Тејлор го зграпчува седиштето и целото внимание на изданието на фестивалот во 1957 година
Француската актерка Брижит Бардо на Деветтиот Кански филмски фестивал во 1956 година, годината кога филмот на Роџер Вадим и Бог ја создаде жената ја направи ѕвезда
Кери Грант и Ким Новак на 12-тото издание на фестивалот, можеби разговарајќи за нивниот неодамнешен филм за Алфред Хичкок
Грејс Кели во хотелот Карлтон во 1955 година, годината кога се појави со Грант во филмот на Хичкок „Да се фати крадецот“, за мачка провалник која демне богати имоти на Азурниот брег
Дороти Дендриџ, која глумеше во Кармен Џонс една година порано, се шегуваше во Хотел ду Кап за време на Канскиот филмски фестивал во 1955 година
Од лево: францускиот актер и комичар Бурвил, Џејн Менсфилд и нејзиниот сопруг, Мики Харгитај, на проекцијата на „Вујко ми“ на Жак Тати во 1958 година

(Холивуд Репортер)