ЦДУ по одложувањето на одлуката: Нема потреба од нервоза, датум ќе има


Од владејачката ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел за „Франкфуртер алгемејне цајтунг“ велат дека „не разбираат зошто е толку голем проблем одложувањето за три месеци на одлуката за преговори со Северна Македонија, особено што веќе е решено дека отворањето на првите поглавја од преговорите ќе се случи во декември“.

– Што се однесува до Северна Македонија, според моите сознанија и проценки, можам да кажам дека земјата на крајот на септември ќе добие согласност од мојата пратеничка група и од Бундестагот, тврди пратеникот на ЦДУ Јохан Вадефуп.

Притоа тој предупредува дека „не е од помош, ширењето страв од трети сили или земји“, по тврдењата дека одложувањето на одлуката за преговори може да ги засили активностите и апетитите на Русија и Кина во регионот, пренесува Дојче веле.

Вадефуп ги отфрла критиките кон Бундестагот за одложувањето на одлуката за старт на преговорите со Северна Македонија до септември.

– Ние имаме одговорност пред нашиот народ, особено кога станува збор за една позитивна одлука за почеток на преговори. Мораме на нашиот народ точно да му објасниме, зошто сме рекле Да“, вели германскиот пратеник.