Царините на Трамп продолжуваат да ги уриваат американските берзи

Американските берзи забележаа значителен пад по најавата на претседателот Доналд Трамп дека од утре ќе ги зголеми царините за канадскиот челик и алуминиум.
Насдак Композит индексот се намали за 0,7% откако претседателот на САД ја објави веста на Truth Social.
Индексот S&P 500 забележа пад од 0,4%, додека Дау Џонс опадна за 0,3%, јави Скај Њуз.
Аналитичарите предупредуваат дека зголемените трговски тензии може да предизвикаат инфлациски притисоци и да ја забават економијата.