Бутикот „Шејн“ во центарот на Скопје ќе треба да си ја собере терасата


Фото: Б. Богдановска

Градежен инспектор на Општина Центар издаде решение со кое му наредува на инвеститорот на доградба на локал на улица „Македонија“ да ја отстрани истата и да го врати локалот во првобитна состојба, информира Општина Центар.

Станува збор за бутикот „Шејн“ кој има доградба на локал на улица „Македонија на парцела која е земјиште во сопственост на РСМ.

Постапувајќи по службена должност, инспекторот изврши увид, состави записник, по кој сопственикот беше повикан во Општина Центар да ја достави потребната документација на увид. Откако сопственикот не се појави во општината, градежениот инспектор донесе решение за отстранување на градбата.

Доколку сопственикот на објектот не ја отстрани доградбата на локалот во законски зададениот рок, таа ќе биде административно извршена и отстранета.

Општина Центар упатува апел до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти и доградби, да постапуваат по издадените решенија за отстранување на објектите. Во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на нелегално поставените објекти.