Бутел и Чучер Сандево со заеднички пристап кон решавање на проблемот со фекална канализација во Кучевишка Бара и Бел Камен


Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска во објава на Фејсбук порача дека фекална канализација во Кучевишка Бара и Бел Камен ќе има и дека заеднички со Општина Чучер Сандево ќе му пристапат на проблемот.

„За прв пат денес заедно со градоначалникот на општина Чучер Сандево, Зоран Бајовски направивме работен состанок за финилизирање и доработка на основниот проект за фекална канализација. Ова е прв пат двете општини заеднички да пристапат кон решавање на овој проблем“, истакна Костовски.

Со зголемување на опфатот и изработка на основниот проект, вели дека ќе бидат опфатени и сите улици кои во минатиот период биле изоставени.

„Ова значи конечно решавање на еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат жителите на овие две населени места“, посочи градоначалникот.