Буџет за Скопје -Европска престолнина на културата 2028 има, детали ќе се откријат подоцна

Она што го прикажавме ние таму е всушност причината зошто станавме Европска престолнина на културата во 2028, она што е таму содржано во тој документ е всушност признание за оваа титула.
– Со сите наши ресурси, со сите наши културни институции, културни работници влеговме заедно во ова и гартантиравме дека во 2028 ќе се види зошто македонската култура треба да се покаже и што е она што го имаме како култура. Владата со писмена гаранција застана зад нас, а секогаш кога ќе има потреба ќе помага – рече министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.
Министерството за културата ќе ги обезбеди сите потребни простории за она што се ќе случува, а логистиката, преку Универзалната сала, ќе се обезбедува со помош на Градот.
Има одреден буџет според кој е правена програмата, но детали ќе се објаснат заедно со креативниот тим и со градоначалничката на Град Скопје.
– Ми е драго дека покажавме волја и прв пат покажавме дека културата треба да е над било која поделба што е препознаена таа наша заложба, но 2028 година треба нас да ни биде почеток во развивањето ан културата додаде Костадиновска – Стојчевска.