Бучковски за мисијата во Бугарија: Не сум чудотворец, ниту сум нечиј ас


 

Не сум чудотворец ниту сум нечиј ас скриен во ракавот, ниту пак нечиј џокер. Јас сум Владо Бучковски, поранешниот премиер, кој во изминатите петнаесет години изгради доверба во бугарското општество. Верувам дека тоа ќе биде додадена вредност во напорите кои ги прави нашата Влада, да успееме да најдеме решение во духот на европските вредности, порача вечерва новоимнуваниот специјален преставник за спорот сБугарија, Владо Бучковски. 

Тој најави дека првите посети на Бугарија ќе ги координира со Владата.

-Во секој случај ќе направиме се во пресрет на Советот на министри на ЕУ, на деветти декември, да направиме дополнителни напори, да изнајдеме решение. Но ако не најдеме решение, тоа ќе биде дополнителен мотив за нас, да продолжиме да го градиме пријателството и соработката во духот на европските вредности, вели Бучковски.

– Ние како вистински пријатели, како одговорни политичари веруваме, дека можеме да најдеме заеднички јазик. Заедничката историја, треба да биде нашиот влог во заедничката иднина, порача тој околу неговите очекувања од новата мисија. 

По Љупчо георгиевски, Бучковски е втор поранешен премиер и влијателен политичар што е избран од Владата да се обиде да го стопи мразот со Софија.