Брзо возеле 30, а без возачка 25 возачи во Скопје

Во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се 290 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 25 санкции, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, а 28 за користење на мобилен телефон.
Од МВР соопштија дека изречени се и девет санкции за минување на црвено светло, 30 мерки за непочитување на брзина на движење, 21 санкција што ја чинат пешаците, 10 за некористење на сигурносен појас и 77 санкции за непрописно паркирање.
Полицијата најави дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.