Брнабиќ: В понеделник седница на Собранието за новата влада


Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ за понеделник најави седница на која ќе се избира новата влада,јави дописникот на МИА од Белград. 

„Се надевам дека седницата ќе може да започне веќе в понеделник, бидејќи треба да ја завршиме до 18 април на полноќ. Не е во ред да се работи на Велики петок. Имињата на министрите и експозето ќе ги знаеме тогаш, но тоа зависи пред се од мандатарот, изјави Брнабиќ за белградски медиуми.

Таа ја повика опозицијата да му дадат шанса на новиот мандатар за состав на влада на Србија.

„Ги повикувам и претставниците на опозицијата во парламентот да разговараат, да му дадат шанса на професорот Мацут“, рече Брнабиќ.