Британскиот премиер Џонсон чека шесто дете, прво со свршеницата
Англија- Кери Симондс (31) и Борис Џонсон (55) го чекаат своето прво дете. Петто за Симондс и шесто за Џонсон. Бебето доаѓа на почеток на летото.
-Двајцата се пресреќни, изјави портпаролот на Џонсон и откри дека премиерот го чека шестото дете.
Џонсон зад себе има два брака, и имаше скандалозен приватен живот зад себе.
Симондс е ексспин докторка на Ториевците, а со Џонсон е во врска од 2018 година. Романсата со 24 години помладата Кери почнала откако тој ја оставил сопругата Марина Велер која ја мамеше во бракот, а таа му го прости и детето со љубовницата. Симондс е од угледна фамилија. Татко и е еден од оснивачите на “The Independenta”, а мајка ѝ е адвокатка.
Планираат свадба ама дополнителни детали не откриваат за јавноста. Живеат заедно на улицата „Даунинг“ бр. 10 со своето куче.