Британскиот министер за финансии поднесе оставка


Британскиот министер за финансии, Филип Хамонд, го исполни своето ветување и денеска поднесе оставка.

Објавувајќи ја таа одлука, Хамонд го советувал неговиот наследник мудро да носи одлуки во однос на јавната потрошувачка и даночните намалувања.

Хамонд претходно објави дека ќе поднесе оставка, пред да добие отказ од новиот премиер Борис Џонсон кога денеска ќе го преземе кабинетот.

-Сигурен сум дека нема да бидам отпуштен, бидејќи ќе поднесам оставка пред тоа да се случи. Под претпоставка дека Борис Џонсон станува премиер, разбирам дека условите за служба во неговата влада ќе вклучуваат прифаќање на повлекување од ЕУ без договор на 31 октомври. Тоа не е нешто што некогаш можам да го потпишам, изјави Хамонд за Би-Би-Си.