Британската министерка за образование поднесе оставка


Британската министерка за образование Ен Милтон поднесе оставка поради „сериозна загриженост“ во врска со Брегзит без договор со ЕУ.

Таа во оставката истакнува дека „искрено се надевала“ оти Велика Британија ќе може да ја напушти ЕУ во март со договор.

Милтон додава дека сака Парламентот да продолжи да игра улога во обезбедувањето договор и вели дека Британија „мора да ја напушти ЕУ на одговорен начин“.

Неколкумина членови на Владата на Меј веќе најавија дека ќе поднесат оставки пред Џонсон да стапи на новата функција и самиот да ги отпушти поради противењето на неговата намера Велика Британија да ја изведе од Европската унија без договор.

Министерот за Европа и Америка, Алан Данкан вчера поднесе оставка, а оставки пред три дена најавија и министерот за финансии Филип Хамонд и министерот за правосудство Дејвид Гок.