Британска студија: Поради новиот сој корона вирус, би можело да се зголеми смртноста


 

Мутираната варијанта на корона вирусот, која се шири нив Британија, просечно е 56 отсто позаразна од изворниот вид, педупредуваат во студијата научници повикувајќи на побрза вакцинација за да се спречи можноста да умрат повеќе луѓе.

Новата варијанта која се појави на југоистокот на Англија во ноември и брзо се шири веројатно ќе го зголеми бројот на луѓе во болница и бројот на починати од Ковид-19 следната година, се вели во студијата објавена во средата.

Сепак, научниците од Центарот за математички модели на заразните болести на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, ја анализирале епидемијата на југоистокот на земјата и кзаклучиле дека се уште не е јасно дали мутираниот сој е посмртоносен од претходникот.

„Без разлика на зголемената брзина на ширење веројатно ова ќе доведе до поголем пораст на бројот на новозаразени и проценката е дека хоспитализациите во 2021 година ќе се зголемат во однос на 2020 година, дури и ако се задржат мерките воведени на 19 декември“, се вели во студијата.

Научниците сметаат дека малку веројатно е дека затворањето ќе внесе плод, ако не се затворат и основните и средните училишта, како и факултетите.

Секое ублажување на мерките вефнаш ќе резултира до големо ширење на заразта, сметаат тие.

Значи, веројатно најдобро е вакцнирањето да се забрза за да се постигне видлив ефект во потиснување на болеста.

Кога минатата недела премиерот Борис ЏОнсон ги објави построгите мерки, рече дека новиот сој е 70 отсто позаразен од претходникот.

Откритието на новиот сој предизвика паника во светот, па многуз емји воведоа забрана за летови кон и од Велика Британија, а за луѓето кои од таму доаѓаат во нивната земја воведоа задолжителен карантин.

Сепак, производителите на вакцините против корона вирусот, тврдат дека таа е делотворна и за новата варијаната на корона вирус.