Брестовац поднесе оставка од тренерското место во Металург


По вечерашниот убедлив пораз против Еурофарм Работник (25-32), Данило Брестовац поднесе оставка од тренерското место во Металург.

Тој изјави дека ја презема целосно одговорноста по вечерашниот дебакл и дека нема начин како да продолжи да го води тимот.

Помошникот на клупата на „металурзите“, Оливер Димитриески ќе ја води екипата на натпреварот од третото коло во плеј-офот во Супер-лигата против Пролет.

Поради преземањето на сениорската ракометна репрезентација, Брестовац требаше да остане до јуни во Металург, а потоа да се посвети на националниот тим, но тој реши да се повлече од кормилото на тимот од Автокоманда уште сега.