Бранителот на златниот олимписки медал Зверев се пласираше во четвртфиналето


Париз – Бранителот на златниот медал Александар Зверев се пласираше во четвртфиналето на олимпискиот турнир во Париз, откако во осминафиналето го совлада Австралиецот Алексеј Попирин со резултат 2:0 (7:5, 6:3) за еден час и 30 минути.

Попирин пропушти голема шанса во првиот сет, кога сервираше за водство од 5:4. Австралиецот имаше сет-поен, но не ја искористи, па Зверев нанижа три гема и поведе со 1:0. Во вториот сет еден брејк му беше доволен на Германецот да го прекине сетот и мечот.

Зверев во четвртфиналето ќе игра против Италијанецот Лоренцо Музети. Победникот од тоа четвртфинале ќе игра во полуфиналето против подобриот со дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас.