Борче Стаменов и доц. д-р Ирфан Ахмети добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година


Фото: Б. Грданоски

Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ одлучи наградата за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, во 2025 година да им се додели на: Борче Стаменов од „Донирај компјутери“ и на доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 26.8.2025 година во 11 часот (вторник) во Собранието на Република Северна Македонија.