Борбени авиони од типот Ф-35 утре ќе летаат над Скопје
Утре, 17 јуни, на аеродромот во Петровец за прв пат во Северна Македонија ќе слетаат борбените авиони од типот Ф-35 кои се дел од 134-тиот борбен сквадрон на Националната гарда на Вермонт. Пред слетувањето, борбените авиони ќе извршат прелет над аеродромот во Петровец, како и над главниот град Скопје.
На настанот ќе присуствува министерката за одбрана, Славјанка Петровска која заедно со потполковникот Џон Мекрeј од Националната гарда на Вермонт ќе дадат и изјави за медиумите.
Прелетот и слетувањето на борбените авиони Ф-35 на аеродромот во Петровец, кои се авиони од петтата генерација, е уште еден приказ на силното сојузништво и единство во Алијансата, како и на нераскинливата трансатлантска врска која е темел на евроатлантската безбедност. Целта на настанот е да са подвлече речиси тридецениското партнерство меѓу Армијата на Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт, како и подготвеноста на Алијансата да ја заштити безбедноста на своите земји членки.
Авионот Ф-35 е едносед, едномоторeн, повеќенаменски борбен авион. Авионот има способности за електронско војување и разузнавање, надзор и извидување. Повеќенаменскиот борбен авион од петтата генерација е фокусиран на воспоставување на воздушна супериорност и реализација на мисии воздух-земја.