Боксерката Иман Хелиф ја покажа женствената страна на личноста


Боксерката Иман Хелиф го покажа новиот изглед откако нејзиниот настап на Олимпијадата во Париз 2024 година беше проследен со контроверзии и осуди, различни спорови во онлајн заедницата за нејзиниот пол.

Олимпијката Хелиф го покажа своето лице во поинакво светло, освен боксерските ракавици кои ја дефинираат и станаа нејзин заштитен знак. Сега, решена да се претстави на поинаков начин, облече бела цветна кошула и стави впечатливи обетки. Дискретно нашминкана Хелиф го комплетираше својот изглед со освоениот златен медал.

„Нејзината порака е многу подлабока: облеката не го прави човекот, а изгледот не ја открива суштината. Таа може да биде женствена и елегантна кога сака, но не и треба шминка или високи потпетици во рингот. Сè што и треба е стратегија, сила и удирање, што е суштината на нејзината личност“, стои во описот на видеото на Инстаграм.

За време на Олимпијадата, Хелиф најпрво ја победи Јанг Лиу и го освои златото на турнирот во полутешка категорија за жени, со што стана првата Алжирка која некогаш освоила златен медал во бокс на Олимпијадата, пишува Индипендент.

По освојувањето на златниот медал на Олимпијадата, Халиф изјави:

„Јас сум жена, родена како жена, живеев како жена. За тоа нема сомнеж. Се што се зборува за мене на социјалните мрежи е неморално“.

Халиф рече и дека со освојувањето на златото испратила порака за „достоинство и чест“. Истрагата за бројните напади врз неа преку социјалните мрежи е во тек.