Бојмацалиев: Ја постигнуваме бројката од 1.734.000 обрасци за патни исправи, МВР ја има предвидено потребата на граѓаните


Зголемената фреквенција во управните служби со издавањето на личните документи, што настана по стапувањето на сила на техничката влада е резултат на сценарио кое е политички мотивирано. Имено, има два клучни моменти. Прво, е систематското создавање на илузија преку лансирање на флоскулата Никогаш Северна, што евидентно влијаеше на намалување на интересот на граѓаните за замена на личните документи. Вториот момент беше, Северна Веднаш, што резултираше со огромен наплив на барања и гужви за издавање на документи со новото име на државата, вели во интервју за „Локално“ Митко Бојмацалиев, заменик-министер за внатрешни работи во техничката влада.