Бојкот во училиште: Наставничка ги нарекувала учениците неспособни и инвалиди

Ги навредувала учениците, психички ги малтретирала, ги терала да стојат пред табла 45 минути да видат како и е нејзе – непрофесионалниот однос на наставничката по математика ги разлути родителите на шестооделенците во О.У „Љубен Лапе“.
Денеска ја бојкотираа наставата. Велат оваа состојба се провлекува со години. Алармирале до надлежните но безуспешно.
Директорката на училиштето им ветила дека во второто полугодие наставничката нема повеќе да држи часови, но сепак продожила со настава.
Денеска директорката експресно поднесе оставка од лични причини. Во меѓувреме формирана е дисциплинска комисија во учиништето која треба да одлучат дали наставничка ќе биде санкционирана, до тогаш таа ќе продолжи да оди на работа.
Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчo Муцунски ќе именува нов директор на училиштето кој ќе треба да најде решение за овој проблем.
Утре инспекторите од просветниот инспекторат ќе извршат надзор во училиштето, информираа од МОН. Претходно во училиштето доаѓал советник по математика кој вршел увид во работата на наставничката.