Бојата на урината го открива вашето здравје! Еве што значи ако е бистра


Ако сте забележале крв во урината, веднаш треба да се јавите кај вашиот лекар и да ги направите потребните тестови.

Урината треба да биде претежно бледо жолта кај здрави луѓе, точната нијанса зависи од тоа колку вода пиеме дневно, бидејќи течноста ги разредува жолтите пигменти во урината. Покрај темно жолтата боја поради дехидрација, урината може да има и розова, сина или зелена боја.

Експертите истакнуваат неколку необични нијанси, заедно со причините кои можат да ги предизвикаат.

Што кажува бојата на урината за вашето здравје?

Бистра, проѕирна – премногу течност

Светло жолта – нормална

Темно жолта – нормална, но ви недостигнаат течности

Килибарна боја – дехидрација

Кафена – тешка дехидрација, заболување на црниот дроб

Розова или црвена – од цвекло или боровинки, но и крв во урината

Портокалова – дехидрација, проблем со црниот дроб или жолчните канали, но и прехранбената боја

Сино/зелено – ретка генетска болест, бактерии или лекови, боја од храна

Невообичаената боја на урината не е секогаш причина за загриженост, но дефинитивно треба да внимавате доколку нијансата драстично се промени или ако имате болки во мочниот меур, бубрезите, често мокрење, печење и слични уринарни тегоби.

Ако сте забележале крв во урината, веднаш треба да се јавите кај вашиот лекар и да ги направите потребните тестови.