Бојан Маричиќ избран за нов претседател на ДИК


Фото: Б. Грданоски

Со 83 гласа „за“ и ниту еден против Собранието го изгласа предлогот Бојан Маричиќ да биде нов претседател на Државната изборна комисија.

Претседателот на ДИК се избира по предлог на опозицијата, а Маричиќ доаѓа на местото на досегашниот претседател Борис Кондарко, кој својот мандат во ДИК ќе го продолжи како член.

Маричиќ во владите на СДСМ беше прво министер за правда, а потоа и вицепремиер за европски прашања.