Петар Богојески ја нуди без надомест „Шула Мина“ за болните од Ковид


Со оглед на кризната состојба која од синоќа е на сила во цела територија во С.Македонија, предводникот на Македонски концепт, Петар Богојески, на својот Фејсбук профил јавно се понуди да помогне.

Имено, Богојески во функција на државата го става целокупниот свој капацитет од 280 кревети кои се во рамки на Adventure Park & Restaurant Woodland, односно популарната „Шула Мина“, без надомест за целите и потребите на здравствениот систем.