Богоев и Марин најкомуникативни скопски градоначалници на социјалните мрежи


Градоначалниците на скопските општини Карпош и Аеродром, Стефан Богоев и Златко Марин се доста активни  во комуникацијата со граѓаните преку социјалната мрежа Facebook.

Едноставен преглед на интеракцијата со граѓаните покажува дека овие двајца градоначалници се најкомуникативни преку оваа социјална мрежа меѓу дел од скопските градоначалници.

Илустративно,  тоа се гледа од прегледот на постови на градоначалниците поврзани со заштита и инвестиции во животната средина. Имено, сите постови на пет скопски  градоначалници (освен на градоначалникот на општина Ѓорче Петров) имаат слична содржина поврзана со оваа тема од интерес на граѓаните.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски на својот пост има 256 допаѓања, 19 коментари и 31 споделување. Со речиси ист број допаѓања е и постот на градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски – 260 допаѓања, 153 коментари и 20 споделувања. Нивниот колега од Општина Центар, Саша Богдановиќ има сличен број допаѓања, со 11 коментари и само 4 споделувања. Потоа, Стефан Богоев како градоначалник на Карпош има 666 допаѓања, 41 коментар и 28 споделувања. Со слична статистика е и постот на градоначалникот Златко Марин, каде има речиси ист број допаѓања како Богоев, поголем број коментари – 106, но и помал број споделувања – 19. Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу има околу 400 допаѓања, 16 коментари и само едно споделување.