Богатата водителка ги разбесни вработените


Познатата  Елен Деџенерес е водителка која го предводи шоуто од удобноста на нејзиниот дом заради пандемијата на коронавирус, но нејзините вработени не го кријат незадоволството поради недостаток на комуникација и драстичното намалувања на платите без најава.

Главниот телевизиски тим на шоуто, се состои од околу 30 луѓе кои не добиле повратна информација за плата и часови повеќе од еден месец, изјави извор близок до водителката  ексклузивно за магазинот „Варајети“.

Тие дополнително беа разбеснети што среде пандемија на коронавирус, Елен реши да ангажира странска технолошка компанија за да може шоуто да се емитува од нејзиниот дом во Калифорнија.

Двајца вработени кои не сакаа да го откријат својот идентитет, тврдат дека тие се обидувале да добијат информации за плата веќе еден месец и дека до сега дошле до кратки и нецелосни информации, а парите сеуште не се пристигнати.

Шефот на продукцијата им се обратил  минатата недела со информации дека нивната плата е намалена за дури 60 проценти.

Четворица основни членови на екипажот моментално работат на оддалечена верзија на шоуто, додадоа инсајдери, кои сметаат дека овој третман е целосно во спротивност со пораката што водителката ја испраќа до својата публика: „Бидете благородни“.

Вработените на Елен Дегеџнерес тврдат дека им пречи најмногу им пречи недостатокот на информации, но и од фактот дека водителот  Џими Кимел уредно го платил својот тим, не дозволувајќи им на ситуацијата со коронавирусот да влијае на нивното постоење.

Елен Дегеџнерес води шоу во кое интервјуира познати личности и е една од најгледаните. Нејзиното богатство се проценува на околу 360 милиони долари.