Блог во живо – Преспа форум дијалог


Фото: Б. Грданоски

Претседатели, премиери, министри, политички научници, економисти од Балканот, од ЕУ, а и од САД, денеска и утре се дел од првиот Преспа форум дијалог во Охрид и Отешево, на кој во фокусот на околу 300  учесници се дебати за добрососедските односи и соработка. Официјалниот назив на годинашнава меѓународна конференција е – „Западен Балкан: делот што недостига за Европа да биде целосна“. Наша новинарска екипа е во Охрид, од каде што ќе известува од овој дводневен настан, прв од ваков вид кај нас.

21:10 Ципрас: Ние урнавме ѕидови и изградивме мостови

Сите недоразбирања, отворени прашања треба да се решават со визија кон иднината, со заеднички прифатливи решенија и на мирен начин, што значи базирани врз меѓународното право. Тоа ги истакна поранешниот премиерГрција, Алексис Ципрас, пред учесниците на Преспа форум дијалогот „Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна“ што се одржува во Охрид.

Тој нагласи дека за Преспанскиот договор се избориле напредни политички сили, оние сили кои верувале дека разликите се надминуваат со заеднички прифатливи решенија.

„За нас решение не се конфликтите, споровите ниту студената војна. Ако оставите еден конфликт долго замрзнат, мразот може да го стопат само конфликти. Тој замрзнат проблем креира конфликт, тоа го гледаме во многу земји во светот и го гледаме постојано. Тоа е разликата меѓу напредните и политичарите што градат ѕидови. Конзервативните политичари ги оставаат ѕидовите таму каде што се, ги бојат со различна боја, а отвораат само некоја врата, претежно за економска соработка. Никогаш не се обидуваат да го турнат ѕидот заедно со соседот, стравувајќи дека тој ќе падне и ќе им ја уништи политичката кариера. Ние знаеме колку е тешко да се уриваат ѕидови, но знаеме и како се градат мостови. Тоа го направивме со Зоран со Никола и Никос“, рече Ципрас.

Како втор предуслов што придонел за постигнување договор за спорот околу името, тој ја посочи свесноста на обата лидери на двете држави дека решението мора да го донесат самите тие, а не да чекаат тоа да го направи некој друг.

Ципрас потсети на периодот пред 2017 година кога ЕУ одлучи да го замрзне проширувањето кон Балканот и не го менуваше тој став, дури и кога регионот се соочи со бегалската криза.

„Ние бевме тие што ја убедивме ЕУ повторно да погледне кон Западниот Балкан и да ги одмрзне тие процеси. Ние како прогресивни политичари ја презедовме задачата да најдеме добро решение. Рековме дека не прифаќаме враќање на државите од Балканот во војни и национализам“, рече тој.

Ципрас испрати порака до Бугарија со охрабрување да направи исчекор напред.

„Знам многу добро колку е тешко да најдеш решение и излез од чувствителни прашања, но неопходно е тоа да го направи за да се отвори процесот. Неопходно е Бугарија да испрати пораката дека иднината на европскиот Балкан можеме и треба да ја градиме заедно, а не еден спроти друг“, истакна тој, притоа повикувајќи на обнова и на дијалогот меѓу Приштина и Белград.

20:30 Рикер: САД стојат зад васс како партнер, сојузник и пријател

За да се склучи Пресспанскиот договор беше потребна лидерска раброст, рече на официјалната церемонија на отворањето на „Преспа форумотт“ помошникот-државен секретар на САД, Филип Рикер. Тој рече дека овој договор претставува пример за регионот и го отвори патот на Македонија за членство во НАТО и треба да се признае дека ова што го направи земјата придонесува за безбедноста не само на Балканот, туку и во Европа. 

Рикер, зборувајќи дека политиките и идеите може да се менуваат, но географијата не може- дека таа е тука за да остане, спомна што во 1999 година му рекол сенаторот Џо Бајден: „Тоа што се случува овде е важно“. Потоа тој ги нагласи енергетското поврзувањње на Македонија со регионот, воените врски, многуте воени вежби. „Тоа покажува колку се важни ваквите дговори и за економскиот напредок“.

Филип Рикер на крјот испрати јасна порака: „САД стојат зад вас како партнер, сојузник и пријател“.

 

15:45 Логар: Проширувањето останува приоритет

Шефот на словенечката дипломатија Анже Логар, чија држава од денеска го почнува претседавањето со ЕУ се обрати преку видео порака до панелот на министрите за надворешни работи насловен како „Градење на доверба преку дијалог“ во рамки на Преспа форум дијалогот, порачувајќи дека проширувањето на ЕУ со балканските држави останува приоритет за Словенија како претседавач.

„Проширувањето не е техничко, туку клучно, врвно геостратешко прашање, прашање што бара внимание, амбиција и политичка волја на сите чинители за остварување на заедничките цели – цврста и силна Европа. Словенија сака брз старт на процесот на проширување. Ако Европа сака да биде целосна и слободна, тогаш земјите од регионот мора да бидат ислушани со инклузивен пристап. Отсуството стратешки решенија за регионот го остава авионот без пилот, остава простор за други геостратешки играчи да го остварат своето влијание“, рече Логар.

Олта Џачка, министерката за Европа и надворешни работи на Албанија посочи дека и покрај проблемите, на Западен Балкан се уште постои позитивен импулс за демонстрација на подготвеност за соработка во насока на унапредување и подобрување на севкупните состојби во регионот.

„Интеграцијата во ЕУ беше клучна за трансформацијата на Западен Балкан. ЕУ очигледно нема стратешки пристап да го направи остварлив тој европски сон. Што би направиле како земји заглавени во овој миг и разочарани од актуелната ситуација, во насока на привлекување на вниманието на ЕУ. Унијата веќе разбира дека се нанесени штети во нејзиниот кредибилитет…, рече меѓу другото Џачка.

Костас Фрагогијанис, заменик-министер за надворешни работи и економска дипломатија на Грција, рече дека иницијативите за поттикување и негување на дијалогот се секогаш потребни во регионот како овој што постојано е исправен пред најразлични предизвици.

„Треба да се работи на постигнување взаемно разбирање, доверба, размена на мислења, подобрување на синергијата и да се надминат резликите во духот на добрососедски односи. Доколку интенција на дијалогот е да биде делотворен, истиот мора да се базира на општо прифатливи правила, рече тој, притоа нагласувајќи ја потребата од целосно исполнување на одредбите од Договорот од Преспа, како начин за зајакнување на соработката и унапредувањето на меѓусебните односи.

15:00 Палмер: ЕУ без одложување да ги отвори преговорите со Северна Македонија и Албанија

Овде сме затоа што дипломатијата функционира, порача Метју Палмер, заменик помошник Секретар во Бирото за Европски и Евроазиски работи во Стејт департментот на САД, на попладневната сесија на министрите за надворени работи во рамки на дводневната конференција Преспа форум дијало, потсетувајќи на она што беше регионот пред 25 години и она што е сега. Притоа, како успешни приказни уште еднаш ги нагласи Преспанскиот договор со Грција и Договорот за добросоедство со Бугарија.

„Но, за да може да функционира дипломатијата треба да се создадат услови. Нема единствен одговор, но во актуелните околности треба да нагласам дека тука е поддршката на ЕУ и на САД“, рече Палмер.

„Ние веруваме во европската иднина на регионот и ја поддржуваме за Европа како целосно слободна и во мир“, рече тој нагласувајќи дека ако целта на земјите е да се приклучат кон ЕУ и ги преземаат потребните чекори за да ја нагласат јасно таквата заложба, поддршката на ЕУ и земјите членки мора да биде еднакво јасна.

„Одлуката на членките на ЕУ за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија пред повеќе од една година беше позитивно за целиот регион… Сега сме на кричната раскрсница. Со ова ветување кое не го носи истиот степен на кредибилитет, ги попречува земјите да ги преземат следните неопходни чекори на патот на придружувањето. Затоа, критично е ЕУ да опстои на своите обврски. Тоа значи отворање на преговорите за пристапување со Северна Македонија и Албанија без одложување. Тоа исто така значи и визна либерализација за Косово, три години откако ЕК потврди дека Косово ги исполни сите предуслови“, рече Палмер.

Тој додаде дека со доаѓањето на администрацијата на претседателот Џо Бајден, САД уште еднаш ја реафирмираа долгорчната посветеност кон Западен Балкан и кон важноста што ја имаат во координација со нејзините партнери и сојузници.

Зборувајќи на истиот панел, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, меѓу другото рече дека ако коегзистенцијата, еднаквоста, слободата и солидарноста се европски вредности, тогаш Северна Македонија и Охрид преку Рамковниот договор, го симбилизираат најдобриот пакет кој ги промовира, шири и негува овие вредности на Балканот.

„Ова ме носи до втората тема на сесијата – а тоа е довербата. Водењето на дијалог без доверба не ги произведува и не ги испорачува посакуваните резултати, дури и кога дијалогот навидум е успешен“, рече Османи, алудирајќи на развојот на настаните околу неотворањето на пристапните преговори со ЕУ.

12:10 Димитров: Регионот веќе не знае што да очекува од ЕУ

„Нашата борба не е само за македонскиот јазик и идентитет, туку и за еворпките вредности“, рече вицепремиерот Никола Димитров околу бугарската блокада на Македонијја и Албанија. „Регионот не е во добра ситуација. Ние не знаеме што да очекуваме. Луѓето се прашуваат некои од членките на ЕУ имаат лиценца за малтретирање или лиценца за убивање“.

Тој ги наглассси ставовите што преовладуваат на форумот дека најголемиот проблем на ЕУ е што Унијата ја губи довербата кај луѓето. Иако тие се во дворот на ЕУ. На долг пат тоа ќе биде огромна загуба на европските вредности“.

Но според него, „ние немаме право да се откажеме. Ако немаме надеж не ќе може да се надеваме. Ако не се надеваме нема да постигнеме. Но сепак, ќе биде добро ако имаме некоја помош во ова“.

12:00 Едвард Џозеф: ЕУ никогаш не сакаше да биде лидер во овој регион

Американскиот професор Едвард Џозеф, кој има исклучително познавање на регионот, изнесе остри оссуди за Европската унија и нејзиното учество во регионот за време на дебатата на панелот: Паттот кон ЕУ: Што да очекуваш кога сси очекување“.

„ЕУ никогаш не сакаше да биде лидер во овој регион, уште од самиот почеток по паѓањето на комунизмот и времетто на Џорџ Буш постариот. ЕУ не може да биде светтска сила ако не го земе Балканот сериозно. ЕУ потфрли и продолжува да потфрла“.

Тој го зеде како пример македонскиот случај: „Ветото на Францција беше историска грешка, но блокадата на Бугарија е предавство. Тоа е предавство на европските вредности“, рече Џозеф.

Тој подвлече дека Америка го почитува она што Македонците го направија во овој регион со раброста да се склучи Преспанскиот договор и заедно со владата на Алексис Ципрас покажаа дека во овој регион може да се решат спорови со дигнитет и мудрост. „Лани, сред кампањата Џо Бајден им го честиташе Илиндинското водатние на македонските граѓани. Тоа немаше да се случи ако не беше потпишан Преспанскиот договор“.

Според него, проблемите во регионот се решливи, а не да се зборува колку биле тешки. Тој ја зеде како пример извршната наредба на Вашингтон за санкции кон бугарски функционери и бизнисмени поради корупција. Џозеф рече дека САД можат со леснотија да ги споделат податоците со нивните европски партнери, но не сакаат да го направат тоа поради амбивалентниот однос на европските институции кон корупцијата.  

 

10:50 Бизнис панел: Интергацијата на регионот ќе овозможи побрз развој

Во регион со 18 милиони жители потребно е да разговараме за градењето на нашата иднина заедно, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на сесијата за економија и бизнис насловена „На патот кон подобра поврзаност и интегриран регионот – Кој е ризикот? Како да стигнеме таму?” во рамки на Првата меѓународна конференција на „Преспа форум за дијалог“ во Охрид.

Тој посочи дека регионалната конкурентност ќе ја зајакне отпорноста на регионот и ќе донесе просперитет за граѓаните, а создавањето на заеднички пазар на трудот ќе ги подготви економиите за влегување на висококонкурентниот европски и глобален пазар.

Министерот за финансии Фатмир Бесими зборуваше за влијанието на ковид – кризата и преземените мерки и поддршката од меѓународните организации и институции.

„Ова е јачината на заедништвото и ова е тоа што го очекуваме од оваа конференција, размена на мислења и гледања за иднината, како да стигнеме таму. Патот до таму  води преку зајаканата соработка и слободен проток“, рече Бесими.

 

Мајлинда Брегу генерален секретар на Советот за регионална соработка (РСС)  го поздрави укинувањето на роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Се осврна на формирањето на заедничкиот регионален пазар по моделот на пазарот на ЕУ втемелен на четирите основни слободи (слободно движење на капитал, стока, услуги и пари), на дигиталната агенда како и на Зелената агенда и зелената економија процеси кои треба да бидат помогнати од ИПА 3.

Притоа, таа рече дека 16 термо централи од Западен Балкан загадуваат многу повеќе од 250-те кои се на територијата на ЕУ.

„Јасно е дека земјите ќе треба да издвојуваат многу финансии за да се затворат рудниците на јаглен. Но, нејасно е каде ќе ги најдеме тие пари за овој процес на декарбонизација за што се проценува дека на ЗБ ќе му требаат околу 38-40 милијарди евра“, рече Брегу.

„Се надевам дека владите и политичките авторитети ќе ја препознаат важноста на регионалната соработка и унификацијата на целиот регион со создавање на регион без граници и без конфликти“, истакна Антони Пешев, посочувајчи го придонесот на коморската соработка за побрз развој и интергација на регионот. Тој додаде дека во периодот од 2014 до 2019 година регионалниот БДП пораснал за 22,8 проценти до 1,7 милијарди во 2019, вкупните инвестиции пораснале на 35 милијарди евра, а БДП по глава на жител е зголемен  за 31 процент но сепак, вели, е многу понизок од просечното ниво на ЕУ.

10:30 Маричиќ: Медиумите се круцијален линк во процесот на евроинтеграција

Улогата на медиумите е од исклучително значење, тоа е неопходниот и круцијален линк во процесот на евроинтеграција, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ на отворањето на панелот „Граѓанското општество и медиумите во процесите за регионална и европска интеграција“, на Првата меѓународна конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог.

„Улогата на медиумите е извонредно голема во кршењето на стереотипите и тие треба да бидат своевидна брана против говорот на омраза, хранењето на стереотипите и ширењето на лажните вести. Слободата на медиумите за тие да можат соодветно да ја завршат својата важна општествена улога е регионално прашање“ истакна Маричиќ.

Во случајот со Преспанскиот договор, како што истакна Маричиќ, граѓанското општество и во Северна Македонија и во Грција одигра важна улога во однос на постигнувањето на Договорот. Тој нагласи дека граѓанските организации ги изградиле мостовите, кои им оневозможиле на политичарите да доминираат со агендата, но, напомена дека тоа не е случај со Бугарија.

„Во спорот со Бугарија со цел наратив доминираат политичарите, а прогресивните медиуми не си ја завршија својата работа. Се надевам дека ова ќе се смени во иднина и ги поттикнувам граѓанските организации и медиумите да придонесат кон градење мостови меѓу нашата држава и Бугарија“, порача министерот за правда.

10:15 Михаел Рот: Билатералните прашања не треба да бидат пречка за интегративниот процес

Германскиот државен министер за Европа, Михаел Роткој истакна дека граѓанското општество треба да игра активна улога во домашните и регионалните процеси, особено во процесот на евроинтеграцијата и тука тие треба да бидат особено ангажирани, особено во политичките и економските процеси.

Рот потенцира дека билатералните прашања, како актуелното со Северна Македонија и Бугарија не треба да бидат препрека за интегративниот процес.

„Искрено жалам што на Советот на ЕУ не се донесе одлука за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија заради ставот на една држава“, рече Рот.

Тој нагласи дека без енергично граѓанско општество не може да има функционална демократија и потенцира дека активизмот на цивилниот сектор има многу голема улога во справувањето со остатоците од минатото.

Германскиот министер напомена дека Северна Македонија вложила огромни напори за создавање на мултиетничко општество 20 години по Охридскиот рамковен договор. Рот истакна дека за одржување на овие вредности се потребни слободни и независни медиуми, а непристрасното известување  е најдобар начин за борба против внатрешните и надворешните дезинформации.

10:00 Метју Палмер: Создавање заеднички регионален пазар е важен чекор на патот кон ЕУ

Земјите од регионот постигнаа многу, но исто така има уште многу работи кои што треба да се направат, истакна Метју Палмер, заменик помошник Секретар во Бирото за Европски и Евроазиски работи во Стејт департментот на САД, кој е главен говорник на панелот посветен на економијата под наслов „На патот до подобро поврзан и интегриран регион – Кој е ризикот? Како да стигнеме таму?”.

За целосно остварување на неверојатниот потенцијал на регионот неговите лидери мора да преземат повеќе од јавна обврска за економски раст и регионална соработка. Тие мора да преземат вистински активности и да продолжат со вистински и тешки реформи, да работат конструктивно за да ги решат тешките политички прашања, внатрешни и со соседите и да ги зајакнат институциите и да тргнат кон попросперитетна и интегрирана иднина, рече Палмер.

САД ја поздравуваат неодамнешната објава на Европската комисија за претпристапна помош со која ќе се инвестира голем дел од економскиот инвестицски план, додаде тој.

Палмер нагласи дека САД се разочарани што прашањето за пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија не беше решено и покрај силните застапувања и разумните решенија на португалското претседателство и европските партнери затоа што, како што нагласси, тоа на крај влијае и заложбитет на САД.

Овие одложувања ги ослабнауваат колективните заложби на САД и на способноста на ЕУ да ги унапредат заедничките цели во регионот, вклучително и односите меѓу Србија и Косово и состојбата во БИХ, посочи Палмер.

„Нашите геополитички конкуренти агресивно се обидуваат да ги нарушат кредибилтетот на САД и на ЕУ, а и самиот регион се сомнева во нашата колективна определба“. рече тој. 

Тој нагласи дека е факт дека САД биле доследни во извршувањето на нивните сеопфатни цели – долгогодишната цел и визија на САД за регионот била и ќе остане фокусирана на регион во мир и просперитет, регион кој е стабилен и интегриран во европската и евроатланската рамка.

„Она што ми дава надеж е дека ова не е само визијата на САД за Западен Балкан, туку речиси и да не се разликва од она што го сакаат и нашите европски сојузници и партнери. Уште поважно е што е ова визија силно изразена и од самите земји од Западен Балкан“, рече тој. 

Сепак, и покрај заедничката визија треба да се предизвикаме себеси за да го направиме Западен Балкан многу повеќе како двигател, отколку како предмет на трансатланска соработка, додаде Палмер.

Притоа тој нагласи дека е потребна поголема поврзаност, а потребно е да се притиснат лидерите во регионот да ги искористат можностите за решавање на проблемите преку дијалог, флексибилност и компромис. 

САД веруваат дека напорите за создавање заеднички регионален пазар се многу важен чекор на патот кон ЕУ и сите земји од регионот мора да работат за да се реализираат овие цели, нагласи Палмер.

Регионалната соработка и економската интеграција се од витално значење за државите. Тој исто така се осврна и на потребата регионот да ги реформира енергетските сектори, ја нагласи неоподнста за борба против корупцијата, владеење на правото и зајакнување на демократијата.

„Кога политичките лидери крадат од граѓаните на нивната земја или го нарушуваат владеењто на правото, независното судство, тогаш економскиот раст забавува, нееднавоста се зголемува, а пазарите се искривуваат и довербата паѓа“, рече Палмер.

Тој заклучи дека историскиот договор од Преспа меѓу Македонија и Грција и со договорот за добрососедство со Бугарија се примери за барање поголем регионален ангажман во корист на граѓаните.

„Владата на РСМ е фокусирана на потребните политички и еконимски реформи за привлекување на странски инвестиции и игра активна и продуктивна улога на регионалните економски иницијативи бидејќи знае дека пазар од 18 милиони може да биде далеку попривлечен од пазар од само 2 милиони жители“, рече Палмер.

09:00 Почнува Преспа форумот – претпладневните сесии посветени на економијата и граѓанското општество 

Учесниците на форумот пристигнуваат во Хотелот Метропол каде се одржува охридскиот дел на Преспа форумот за дијалог. Според агендата претпладнево ќе се одржат две сесии, едната посветена на Економијата под наслов „На патот до подобро поврзан и интегриран регион – Кој е ризикот? Како да стигнеме таму?”, на кој како главен говорник е најавен Метју Палмер, заменик помошник Секретар во Бирото за Европски и Евроазиски работи во Стејт департментот на САД, а на отворањето ќе зборуваат и вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими. Учесници на панелот се Артене Ризваноли, Мајлинда Брегу, Антони Пешев и Неби Хоџа. Во вториот дел на оваа сесија ќе зборуваат и Крешник Бектеши, Емир Ѓикиќ, Анета Антова Пешева, Марјан Петрески и Јоанес Хајдекер, а ќе биде презентирана и Економската студија од Ивана Вучкова, при што модератор ќе биде Ватер Дефа, а извстувач Јован Деспотовски. Темите за кои се зборува се: Нови предизвици и решенија за зајакнување на регионалната економска соработка и економско закрепнување во постпандемиската ера: Откривање на главните ризици што влијаат на економиите на државите; дали постојните регионални фондови можат да го поддржат економското закрепнување и деловниот сектор, нпр. да се промовира префрлување на активностите во блиска земја (анг. nearshoring); Како да се имплементира Акциониот план за заедничкиот регионален пазар (структуриран околу слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги);  Споделување на најдобрите искуства за прекугранична соработка и поврзаност; Улогата на дијаспората во регионалниот, националниот и локалниот економски развој; Промовирање на одржлива иновација преку стратегии за паметна специјализација.

Сесијата за граѓанско општество и медиуми ссе подд наслов „Граѓанското општество и медиумите во процесите за регионална и европска интеграција“ , на која темите се Колку е вистинско партнерството меѓу владите и граѓанскиот сектор; Медиумската улога во заедничката борба со предрасудите, стереотипите и лажните вести како најдобар лек за приближување на граѓаните од различните страни на границите едни до други;  Дали можеме да развиеме механизми и стимулации за зајакнување и интензивирање на регионалната соработка помеѓу граѓанските , младинските и академските организации, институциите, медиумите, културата, спортот и другите работници?

На оваа сесија ќе претседава министерот Бојан Маричиќ, а пленарни говорници се Мајкл Рот, Бенедето Дела Ведова, како и говорниците Јоанис Армаколас, Игор Бандович, Кристоф Бендер, Флориан Бибер, Роберт Купер, Доника Емини, Симонида Кацарска, Љупчо Поповски, Весела Чернева, Ѓерѓи Вурмо. Модератор е Драган Николич, а известувач Марко Трошановски.