„Блиц“: Во Скопје каменуван и ограбен автобус на српска компанија со руски туристи (фото, видео)
Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван и ограбен во Скопје, дознава Блиц.
Како што вели менаџерот за сообраќај на таа компанија за Блиц, руски граѓани патувале во земјите од регионот – Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија. По пристигнувањето во Скопје, автобусот бил паркиран во центарот на градот, додека туристите и возачот заминале на ноќевање. Сепак, следниот ден, поточно утрово во 7 часот, се случил инцидент што ги вознемири туристите и го загрози продолжувањето на патувањето.

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.
Веднаш по пријавата, полицијата и екипата за форензика излегоа на терен и спроведоа истрага, пишува Блиц.
На скршениот прозорец биле пронајдени траги од крв.

Сè уште не е утврдена причината за ваквиот вандалски чин. Полицијата во Северна Македонија работи на расветлување на случајот.
Поради оштетување на автобусот, неизвесно е дали туристите воопшто ќе го продолжат веќе планираното патување.
Видео на следниов ЛИНК