Биткоинот надмина 100.000 долари за прв пат во историјата


Цената на биткоинот порасна и надмина 100.000 долари за првпат во историјата, достигнувајќи нова рекордна вредност.

Вредноста на најпознатата криптовалута во светот се зголеми поради растечките надежи дека новоизбраниот претседател на СAД, Доналд Трамп, ќе усвои низа политики што ги поддржуваат криптовалутите.

Оваа година, цената на биткоинот се зголеми повеќе од двојно и е зголемена за околу 45 отсто во четирите недели откако Трамп победи на изборите.