„Сметам дека мора да се прошири кругот на казнивост по членот 353. Измените на Кривичниот законик не се направени за никого посебно, но не може ниту судските процеси да траат бесконечно“ , додаде Битиќи.

Прашан за уставните измени тој рече дека можеби ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие од Фон дер Лајен гаранцијата што ја бара за уставни измени. Според него дилемата е дали со деструктивни однесувања на различни политички чинители ќе се дозволи Македонија да нема перспектива, бидејќи не се седнува за да се направи консензус и да се види каде се движи Македонија како држава.

Во врска со зголемувањето од 78% , Битиќи изјави дека има политичка волја за намалување на платите на функционерите и  наскоро ќе има законско решение откако ќе се консултираат сите засегнати страни.