Бич филм фестивал во Охрид со европски филмови под ѕвездите


 

Од 17 до 21 јули на 4 локации во Охрид ќе се одржува седмото издание на „Фестивалот на нов европски филм BEACH FILM FESTIVAL ОХРИД2024“. Овогодинешното издание нуди богата програма со филмски проекции, едукативни работилници и музички перформанси на четири локации во Охрид, и тоа: Плажа Славија, Брод Армада, Плажа Сараиште и Младински Центар Охрид.

Годинешното издание на фестивалот ќе го отвори филм „Живи и Здрави“ (Forever hold your peace), а во главната програмаќе се прикажат уште шест (6) долгометражни европски филмови и тоа: Rodeo, Summer to come, Afire, Milk, Some birds и Pelican.

Покрај главната програма, на фестивалот ќе се прикажат и 14 краткометражнифилмови,вклучувајќи и филмови од домашната продукција, филмови на Ана Јакимска, Елеонора Венинова, Јане Спасиќ и Димитар Банов,а за музичката програма ќе се погрижат бендовите Sioto Jazz и Xarakiri, диџејките Baila,Dj MarТian и музичкото дуо SIZ.

Оваа година имаме четиричлено жири кое се состои од: Julián Génisson (во соработка со шпанската амбасада), Karla Šola, Agim Abdulaи Jenńi Ƶyĺka (во соработка со Гете Институт), кое ќе ги додели наградите „Голем бран“ за најдобар долгометражен филм и наградата „Стефан Сидовски – Сидо“ за најдобро актерско остварување.Исто така е оформено и тричлено жири кое ќе ја додели наградата „Мал бран“ за најдобар краткометражен филм, а кое се состои од: Ѓоко Симјаноски, Веле Митаноски и Свето Стефановски.

Фестивалот од година во година станувапрепознатлив бренд на летната сезона во Охрид и посебно ја привлекува младатапублика која го одбира Охрид за летен одмор, целно во периодот додека траефестивалот. Поради тие причини оваа година фестивалот се збогати со уште еден тип на програма – филмови за најмалите посетители и нивните блиски, кои ќе бидат прикажани на градската плажа Сараиште, каде што секој ден од 17 – 21 јули  од 20.ч. ќе има проекции на детски филмови и влезот на истите е бесплатен.