Безос ќе го купи „Вог“ како свадбен подарок за Лорен Санчез ?

Еден од последните чекори во свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез би можел да биде милијардерот да го купи „Вог“ како подарок за својата сопруга. По големата објава на Санчез на насловната страница на модното списание, извори тврдат дека „доволно длабоките џебови“ на Безос би можеле да доведат до сопственост на матичната компанија „Конде Наст“. Инсајдерот дополнително се осврна на тоа дали новинарката ќе биде нивната ѕвезда на насловната страница за јули и други фактори што укажуваат на продажба, а Ана Винтур, која неодамна се повлече од функцијата главен уредник, наводно „посредувала во договорот“. Винтур, исто така, „има капитал во бизнисот“ и наводно ќе има значителна корист од „продажбата“.
Изворите на „Дејли меил“ открија дека милијардерот, кој штотуку се венча со Санчез, се повеќе се обидува да добие сопственост откако Санчез како невеста ја красеше насловната страница на американското издание.
Можното купување на „Вог“ од страна на Безос не би било изненадување, бидејќи не е странец во издаваштвото, а има и финансиски ресурси. Основачот на „Амазон“, еден од најбогатите луѓе во светот, претходно го купи „Вашингтон пост“ во 2013 година. Дополнително, изворот тврди дека Безос е „еден од ретките луѓе со доволно длабоки џебови“.
И покрај шпекулациите, семејството Њухаус, кое е сопственик на „Конде Наст“ од 1959 година, ги негираше тврдењата дека нивните изданија се на продажба. Понатаму, извор близок до Безос ги нарече овие разговори за неговото купување на „Вог“ „тотално неточни“.
Таа блескаше во венчаница од Долче и Габана
Санчез прошета по олтарот во чипкана тоалета со долги ракави од Долче и Габана. Нејзината венчаница имаше корсетиран струк, висока јака и копчиња, а беше инспирирана од венчаницата што Софија Лорен ја носеше во 1958 година во филмот „Куќа на чамци“ кога се омажи за Кери Грант. Невестата ги покажа своите свадбени фотографии на својот профил на Инстаграм.
55-годишната невеста ја врзала косата во пунџа, оставајќи неколку прамени за да го врамат лицето под превез украсен со чипка. Таа исто така носела обетки Dolce & Gabbana Alta Gioielleria Miracolo со четири дијаманти исечени од еден камен и вметнати во бело злато.