Бездомник починал на улица „Македонија“

Во саботата во 10.15 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Македонија” било пронајдено починато машко лице.
Полициски службеници констатирале дека починатиот е Б.К., кој повремено го посетувал пунктот за бездомници на Црвен крст.
По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.