„Безбеден град“ ќе помогне и да сопре носењето кучиња од други градови во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Со воведувањето на системот „Безбеден град“, сите кои несовесно ги носат животните во главниот град ќе бидат откриени и санкционирани, порача градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски

Камерите кои се дел од „Безбеден град“ – проектот за поголем ред во сообраќајот ќе може да послужат и за откривање на појави за кои често се алармира во главниот град – носење на бездомни кулиња од други општини кои се оставаат низ парковите, улиците и булеварите на Скопје.

Ѓорѓиевски упати апел до скопјани да бидат партнер во оваа борба.

– Секоја појава да се пријавува бидејќи само со заедничка акција можеме да воведеме ред и да изградиме систем што функционира. Многу брзо од денес започнуваме конкретна постапка за проширување на капацитетите на „Лајка“, со што ќе обезбедиме простор, грижа и достоинствен третман за бездомните кучиња. Тие се живи суштества кои заслужуваат заштита, храна, ветеринарна грижа и шанса за подобар живот. И затоа ве уверувам дека проблемот со бездомните кучиња ќе биде решен – вели градоначалникот на Скопје.