Без струја утре Драчево, а без вода булеварот „3-та Македоска бригада“ бб
Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, дел од корисниците од улицата „Иван Хаџи Николов“ број 113 и број 111 во населба Драчево утре ќе бидат без струја.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот ќе трае од 9 до 11 часот.
Дел од корисниците на булеварот „3-та Македоска бригада“ бб: „Жито Лукс“, Метро рибарникот, „Вива сокови“ и неколку куќи утре од 13.30 часот нема да имаат вода поради изведување водоводен приклучок.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“, прекинот ќе трае до завршување на зафатот.