Без вода утре дел од корисниците на бул. „АСНОМ“ во Ново Лисиче

Корисниците од бул. „АСНОМ“, од зграда бр.110 до зграда бр.180, утре од 9 часот ќе немаат вода, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Прекинот во водоснабдувањето е поради промена на затварачи ф 80 мм на бул. „АСНОМ“ 128 во населба Ново Лисиче и ќе трае до завршување на интервенцијата.