Без вода денеска овие скопски улици


Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска без вода ќе бидат следниве улици:

-поради уличен дефект на Народен Фронт 29, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (од бр.15 до бр. 33). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:40 часот до завршување со санација на дефектот.

-поради дефект на затворач ф-80мм на крстосницата Козара/Шарски Одред, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истите улици. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. 

-поради уличен дефект ф-200 мм во Парк Шума Гази Баба (во близина на резервоарот на ЈП Водовод и канализација- Скопје), водоснабдувањето во населба Железара ќе биде со намален притисок. Санацијата на дефектот ќе започне во 09:00 часот до завршување со истата.