Без вода дел од Чаир и дел од Центар

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 08:40 часот, без вода ќе бидат дел од корисниците на улиците „Методија Митевски“ и „Лазар Трповски“ во општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради уличен дефект на улицата „Методија Митевски“ 6/2.
Од 09:15 часот утрово вода нема да имаат корисниците од улиците „Дебарца“, „Никола Тримпаре“, дел од „Аминта Трети“ и „Коста Кирков“.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на ф-80 мм на ул. „Дебарца 3“, а ќе трае до негова санација.