Без вода дел од „Рузвелтова“ и потегот од булевар „Партизански Одреди“ до улица “Орце Николов“


Поради предизвикан дефект од трето лице на ул Франклин Рузвелт бр 60, денеска без вода ќе останат корисниците на дел од ул Франклин Рузвелт и потегот од Булевар Партизански Одреди до ул Орце Николов.

Како што известуваат од ЈП Водовод и Канализација, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на интервенцијата.