Без вода дел од општина Бутел


Фото: Б. Грданоски

Прекин во водоснабдувањето денеска од 9 часот ќе имаат дел од корисниците лоцирани на улиците „Груица Војвода“ и „Црвени Брегови“.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка ф-1 на улица „Груица Војвода“ 14 во населба Бутел 2. 

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.