Без вода дел од корисниците од улица „Борис Трајковски“
Поради изведување водоводен приклучок ф – 200 мм на ул. „Борис Трајковски“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно зградите од комплексот „Трим & Лум“.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со работните активности.