Без вода дел од Карпош


Фото: Б. Грданоски

Поради изведување на водоводен приклучок, без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Бриселска“, „Стокхолмска“, „Софиска“, „Његошева“, „Копенхагенска“ и „Петар Драганов“ во Општина Карпош, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.