Без вода дел од Центар
Поради уличен водоводен дефект од ф-80мм на ул. „Аминта Трети“ бр.3 во населба Центар, изутрина од девет часот без вода се дел од корисниците од бул. „Илинден“, на потегот од Градски парк до Влада.
Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до завршување со работните активности, најави ЈП „Водовод и канализација“.