Без вода дел од бул. „Јане Сандански“ поради дефект


 Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 300мм. на булевар „Јане Сандански“ 5 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од зградите 1,3,5,7. од овој булевар.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје водоснабдувањето ќе биде во прекин од 10:40 часот до завршување на работните активности.