Без вода дел од Автокоманда поради дефект во паркот Гази Баба


Фото: Б. Грданоски

Корисниците од населба Автокоманда (висока зона), се без вода од 12.40 часот поради уличен дефект во Парк шума Гази Баба, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот.